Одредете ги своите родителски очекувања во зависност од развојната фаза на детето

Понекогаш со своите најдобри намери правиме најголеми грешки-тоа важи и за родителите!
Да се биде родител значи да се донесат одлуки кои можеби се контрапродуктивни кога станува збор за воспитување на детето.

Една од тие грешки е кога родителот се однесува премногу заштитнички кон детето.

Децата се желни за учење, истражување и пробување на нови нешта. Во периодот од втората до седмата година, децата учат за причининско-последичните врски на нештата од околината. Ако не им дозволиме да набљудуваат, да се обидуваат да направат нешто самостојно и да експериментираат, децата нема да можат да научат дека одредени постапки носат соодветни последици. Всушност, со текот на времето голема е веројатноста да развијат одредено чувство на страв кон промените и способноста за воведување на новитети од било кој аспект во својот живот.

Според психолозите, оваа фаза од детскиот развој е фаза на иницијативата. Ако во овој период го спречиме детето да истражува поради нашиот родителски страв од повреда детето и самото ќе развие страв од дадената ситуација, непријатност од превземањето на самостојна иницијатива додека ја бара сигурноста и помошта која е навикнат да му ја дава премногу заштитнички настроениот родител.

Дозволете му на детето преку превземањето на сопствена иницијатива да прави сопствени грешки. Преку личните грешки, кои носат лични искуства, детето најубаво ќе научи кои последици имаат одредени активности.

При тоа, не заборавајте, поставете ги своите очекувања во зависност од развојната фаза на детето. Нема цел да го критикувате двегодишното дете што направило неред на масата и што ја извалкало облеката. Напротив, пофалете го што превземало иницијатива да се нахрани самото.

Likes:
0 0
Views:
28
Article Categories:
ЖИВОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *