Постои ли разлика меѓу љубов и брак?

Поучна приказна од античкиот период.

Еден ден, Платон го праша својот учител:
– Што е љубов? Каде да ја најдам?
Учителот му одговори:
– Пред тебе се наоѓа огромно поле со пченица. Оди и избери само едно стебло, без да се враќаш наназад при изборот. Ако го пронајдеш најдоброто стебленце, тогаш си ја нашол љубовта.
Платон тргнал кон полето, но се вратил со празни раце. Не успеал да го одбере најубавото стебло.
Учителот го прашал:
– Зошто не избра ниту едно од стебленцата?
Платон му одговорил:
-Затоа што имав можност да изберам само еднаш. Јас ја најдов најубавата билка,но не бев сигурен и се прашував дали можеби покрај неа има и уште подобри. Како што одев напред видов стебленца кои исто така беа добри, ако не и подобри од тоа што првенствено го одбрав. Затоа одлучив да не скинам ниту едно.
Тогаш учителот му рече:
– Ете тоа е љубов.
– А што е тогаш бракот учителу? – прашал Платон
– Пред тебе е бујна густа шума. Тргни кон напред, но без да се вртиш исечи само едно дрво. Ако го најдеш највисокото дрво тогаш си го нашол бракот.
Платон тргнал кон шумата, а по кратко време се вратил со дрво. Тоа не било ниту највисокото ниту најразгранетото дрво. Само едно обично дрво.
Учителот го прашал:
– Зошто си го исекол ова дрво?
Поради моето претходно искуство- одговорил Платон. Ја поминав пола шума. Овој пат, кога го здогледав првото дрво кое одговараше на моите критериуми решив да го исечам и да го понесам со себе. Не сакав да ја пропуштам можноста и да се вратам со празни раце.
Е тоа е брак- му одговори учителот!

Likes:
0 0
Views:
120
Article Categories:
ЖИВОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published.