Простувањето е одлика само на храбрите луѓе

Во семејствата и во блиските односи надвор од семејството умееме да се сакаме едни со други, но и често да се повредуваме меѓусебно. Прашањето е: зошто кога постои љубов можеме да бидеме повредени? Што треба да се промени за да дојде до препород во нашите односи со останатите во нашата близина?

Длабочината на нашата душа и нашата способност да сакаме по некое непишано правило се споредува со нашата способност да чувствуваме, па макар и тоа чувство да е непријатно и да се нарекува гнев.

Простувањето не е заборавање, ниту бегање од одговорноста. Тоа е процес на враќање на нашиот живот на самите себе. Простувањето е нашето враќање во живот.

Понекогаш посакуваме едноставни и брзи одговори на тешките прашања, се сомневаме во својата сила и се предаваме на стравот додека се откажуваме предвреме. Наместо тоа, можеме да потонеме во приказната. Можеме да се обидеме да сфатиме и на крајот, да се обидеме да простиме.

Уште немам сретнато човек кому му било лесно да прости. Изгледа дека сепак, на крајот е најтешко да си простиме самите на себе.

Кога зборуваме за простувањето верувам дека можеме да извлечеме од сето тоа една подобра верзија од себе. Зошто подобра, се прашувате? Да простите значи да живеете во мир со себе, да го олесните од својата душа товарот што го носи гневот и потребата за одмазда. Да не се прости значи да се остане во улогата на жртва. Жртва зависна од противникот.

Простете, ослободете ги вашите чувства , можеби ќе му помогнете на противникот да стане подобра личност.

Likes:
0 0
Views:
18
Article Categories:
ЖИВОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *