Гравидарен гранулом -честа појава во бременоста

Бременоста е период од животот на жената кога покрај низата промени што  се случуваат во организмот на идната мајка, за жал, често можат да се случат несакани промени во усната празнина. Особено чести се воспалувањата на непцата, непријатна состојба која иако може да се активира под дејство на низа  надворешни и имунолошки фактори  во кој било период од животот и бременоста, сепак  најинтензивно е изразена во текот на второто односно третото тромесечје.

Понекогаш на забното месо, особено во просторот помеѓу горните предни заби може да се појави отекување на непцето во форма на мал џеб кое лесно може да прокрвари во текот на миењето на забите. Имено, станува збор за granuloma pyogenicum односно гравидарен гранулом. Тоа е мек израсток со изразено црвена боја најчесто во распон од половина до два сантиметри. Често тој исчезнува самиот од себе во периодот по породувањето и не предизвикува интензивна болка. Сепак, предизвикува крварење кое пак може да влијае врз тоа самото одржување на оралната хигиена да биде отежнато и непријатно.

 Неквалитетното одржување на оралната хигиена може да допринесе за дополнително наталожување на наслаги кои уште повеќе ќе го зголемат воспалителниот процес и можат да предизвикаат појава на кариес.

Сепак, ако во текот на бременоста на трудницата и предизвикува одредени непријатности и болка тогаш стоматологот може да препорача негово хируршко отстранување. Трудничкиот гранулом е последица на недоволната орална хигиена, но и интензивното влијание што естрогенот го има на организмот  на трудницата.

Likes:
0 0
Views:
104
Article Categories:
ЗДРАВЈЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published.