Дали ќерките се навистина „татини мази“

Велат, љубовта на таткото кон ќерката е една од најчистите видови на љубов. Тоа е љубов што еден човек ја дава на својот ангел. Љубовта кон сопругата е полна со копнеж, љубовта кон синот е полна со амбиција и желби, додека љубовта на таткото кон ќерката е нешто што не може да се опише со зборови-олицетворение на чисто исконско чувство.

Без разлика колку и да е еден човек строг, емоционално дистанциран и воздржан, кога ќе добие ќерка ќе признае дека постои личност на овој свет која му го украла срцето и го стопила тој леден океан – тоа е онаа личност која гушка со најнежните раце и најтопло го изговара зборот „тато“!

Во животот на една жена секогаш треба да постои барем еден маж кој никогаш нема да ја повреди-тоа е нејзиниот татко!

Реалноста е дека во текот на животот ќе се најдете во бескрајно многу ситуации да погрешите. Но, без разлика колку пати и да згрешите во очите на вашата ќерка секогаш ќе бидете безгрешни.

Постојат пет важни правила во животот на еден татко:

  • секогаш бидете дел од животот на вашата ќерка, но не како сидро кое закотвува, туку како едро кое го придвижува бродот
  • секогаш почитувајте ја и сакајте ја нејзината мајка, од вас ќе научи како треба вистински да се сака една жена
  • ценете го секој момент кој што го минувате со вашата ќерка, дури и тоа да е времето во кое пиете замислен чај од мали пластични шолјички. Времето минува побрзо отколку што си мислите.
  • помогнете и на вашата ќерка  да создаде позитивна слика за себе и да преземе контрола врз својот живот преку позитивната врска што ќе ја остварите со неа
  • бидете нејзиниот омилен лик, создавајте облачиња по кои вашата ќерка ќе чекори во животот, а не калливи вирчиња
Likes:
0 0
Views:
26
Article Categories:
ЖИВОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *