Детето треба да ја научи важноста на наградата, но и значењето на казната

Кога детето ќе наполни две години, родителите веќе би требало да можат да го разликуваат плачот на детето кој е предизвикан од реална потреба и кога тој е последица на испад на бес.
Иако е многу едноставно да се попушти пред секој плач со тоа всушност многу повеќе му наштетуваме на детето отколку што му правиме добро.

Попуштањето и отстапувањето од поставените правила само поради интензитетот на плачот значи дека детето нема да може лесно да ја совлада способноста за самоконтрола.

Да се учи детето за значењето на компромисот е многу важно за формирањето на личноста на детето. Пример, доколку детето сака прескапа играчка, понудете му алтернатива, поефтина, а сепак подеднакво интересна играчка. Детето треба да ја научи важноста на наградата, но и значењето на казната, а уште повеќе треба да ја научи способноста да избере правилно, да ја распознае разликата помеѓу дејствијата кои ќе резултираат со казна и оние кои ќе реузлитираат со награда.

Секогаш е подобар и постимулирачки избор да му понудите награда на детето за добро завршената работа, отколку закана за казнување доколку детето не ја изврши задачата согласно вашите очекувања.

Likes:
0 0
Views:
23
Article Categories:
ЖИВОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *