Зошто медовата вода треба да биде дел од менито на трудниците

Нутриционистите велат – да за медот во исхраната на трудницата. Секоја трудница може да ужива во вкусот на медот без двоумење, под услов истиот да се консумира умерено.

Иако многу од трудниците се во недоумица дали медот е безбеден за здравјето на плодот и се плашат да го консумираат препораката е дека овој дар од природата, всушност, е многу корисен за здравјето, особено во првите три месеци од бременоста бидејќи редовното пиење на медова вода може во голема мера да помогне против мачнините.

Освен што го збогатува организмот на трудницата со многу хранливи состојки, медот го подобрува расположението, го намалува чувството на замор и ја спречува анемијата.

Потребата за железо во текот на бременоста е поголема за организмот на трудницата, па поради тоа препораката е дека три лажици дневно шумски, односно ливадски мед може да го намали ризикот за појава на ниска концентрација на овој минерал.

Најдобра опција е медот да се раствора во чаша млака вода. Медовата вода се пие три пати дневно половина час пред јадење.

Likes:
0 0
Views:
18
Article Categories:
ЗДРАВЈЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *