Како да подготвите лековит чај од билката чувар куќа

Вака подготвениот природен лек од билката чувар куќа има чудотворно лековито дејство против гнојна ангина и воспалено грло.

Освен за консумација,  чајот можете да го користите за испирање на устата во случај на проблеми со воспалена гингива, постоење на афти и ранички во усната празнина.

Чајот од чувар куќа, исто така, помага и во намалување на тегобите предизвикани од чир на желудникот и при менструални болки, миоми и цисти локализирани на матката и на јајниците.

Како да го подготвите овој лековит чај?

Во 2 литри вода ставете 30 грама свежи листови од билката чувар куќа. Препорачливо е истите, доколку сте во можност, да ги раситните во блендер. Кон свежите листови додадете и две супени лажици суви листови од билката. Варете околу 15 минути.  Потоа во садот додадете исцеден сок од еден лимон и прстофат жалфија. Варете уште неколку минути.  Процедете, додајте три супени лажици мед и оставете го чајот да се олади.

Се препорачува шолја од овој чај да се испие наутро, на празен стомак, а потоа ( доколку сте во можност )  на секој час по неколку голтки чај додека не ја испиете целата количина.

Likes:
0 0
Views:
22
Article Categories:
ЗДРАВЈЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *