Прегратките ги стимулираат мозочните клетки кај децата

Колку почесто ги прегрнувате вашите деца, толку тие стануваат попаметни – тврди доктор Натали Мур од Детската национална болница во Охајо.

Ако сакате да ги гушкате децата, научниците препорачуваат да го правите тоа што почесто. Еден ден, сигурни сме, дека ќе ви бидат благодарни.

Според истражувањата, прегратката како облик на физичка приврзаност е многу важна за детскиот развој. Истражувањето спроведено во Детската национална болница во Охајо, опфатило повеќе од 1200 деца, меѓу кои и деца кои биле предвремено родени.

Утврдено е дека прегратките кај децата предизвикуваат силна мозочна реакција и помагаат во стимулирање на мозочните клетки. Додека трае прегратката, хормонот окситоцин кој всушност ги предизвикува позитивните емоции се ослободува во поголеми колични, што претставува уште еден позитивен ефект врз целокупното психичко здравје на децата.

Значи, да бидете нежни кон децата не е е само убаво и хумано, туку и исклучително корисно.

Дали денес го прегрнавте вашето дете?

Likes:
0 0
Views:
23
Article Categories:
ЖИВОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *