Стоп за честите уринарни инфекции – билна мешавина која ефикасно лекува

Ако ве измачуваат хронични воспалувања на уриниарните патишта, оваа моќна природна мешавина од билки може да ви помогне и да ги олесни непријатните симптоми за многу кратко време.

За да го подготвите овој природен ефикасен лек потребни ви се следниве билки:

– 20 гр. бреза

– 20 гр. жалфија

– 20 гр. мечкино грозје

– 20 гр. бел слез

– 20 гр. кантарион

Начин на подготовка:

Состојките добро промешајте ги и земете пет супени лажици од билната мешавина кои ќе ги потопите во еден литар вода која врие.

Оставете го чајот да преврие околу десетина минути а потоа да отстои преку ноќ.

Поделете го чајот во пет еднакви дози и испијте го во текот на денот во временски интервал од два до три часа.

Leave a Reply

Your email address will not be published.