Сусамот е природен извор на магнезиум – ефикасен лек против мускулни грчеви и мигрена

Во групата на природни извори на магнезиумот на прво место е сусамот.

Поради високото ниво на овој минерал во неговиот состав, сусамот често се користи за намалување на високиот крвен притисок, за отпуштање на мускулите и за ослободување на организмот од стресот и неговите последици. Редовната консумација на сусамово масло значително ги намалува мускулните грчеви, па поради оваа особина ова масло е препорачливо за трудниците.

Доколку страдате од чести мигренозни напади не се двоумете да го подготвите домашниот лек од сусам кој на луѓето им е прва помош уште од дамнина.

За да го подготвите овој навистина ефикасен лек против мигрена потребни ви се две лажици сусамово масло и десет капки етерично масло од еукалиптус. Состојките промешајте ги и добро загрејте ги. Натопете парче газа во течноста и облогата ставете ја на болното место. Држете ја на местото околу триесетина минути, додека мирувате во темна и тивка соба.

Likes:
0 0
Views:
20
Article Categories:
ЗДРАВЈЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *