Удирањето на детето никогаш не е опција

Секој родител знае дека детето поседува неверојатна способност да го доведе родителот до степен на крајна револтираност, чувство што раѓа инстинктивна потреба детето да биде физички казнето… но немојте да си дозволите да го направите тоа.

Кога чувствувате дека лутината зоврива во вас, повлечете се, избројте до десет ( ако треба и до дваесет..) и смирете се. Обидете се да најдете начин како да ја потрошите негативната енергија, а тој начин да не подразбира загрозување на вашето дете преку  удирање, шамари, заканување, викање, навредување, понижување или посрамотување на децата.

Зошто ударот, односно физичкото казнување на детето треба да биде надвор од сите опции на однесување?

Прчини има премногу.

Со удирањето на детето му испраќате порака која всушност не би сакале да ја испратите- дека е во ред физички да нападне личност која е послаба од него, дека е во ред да ја удри личноста која ја сака, дека е во ред да удри секогаш кога нема да биде во можност да ги контролира негативните емоции.

Не, сигурно не сакате вашето дете да се плаши од вас, а од тој страв да потекнува и почитта на детето кон вас како родител. Точно е дека е потребно да создадете авторитет врз детето, но тој треба да се темели на низа позитивни чувства, да почива на љубов, а не на страв од физичко казнување.

Детето секогаш ќе ги следи вашите чекори-внимавајте каде газите! Во процесот на дисциплинирање на децата користете здрави облици на дисциплина, како позитивно поттикнување на убаво однесување, следење на лични примери, поставување ограничувања и слично.

Likes:
0 0
Views:
139
Article Categories:
ЖИВОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published.