Алергија на полен – како да ја намалите изложеноста на алергени

Минимизирањето на можноста за појава на алергиска реакција е навистина тешка задача.

Сега сме во среднина на зимата но пролетта која е пред нас, иако е прекрасна, сепак може да биде тешко искуство за оние луѓе кои страдаат од алергија на полен.

Сепак, доколку детето има сезонска алергија која ја предизвикува поленот можете да ги превземете следниве мерки за да ја намалите изложеноста на алегените:

– Останете во домот за време на ветровитите денови
– Избегнувајте го престојот надвор додека цветаат овошките поради високата концентрација на полен
– Не дозволувајте на детето да се игра во близина на висока трева или цветови
– Со повремено проветрување, држете ги затворени прозорците во сезоната на цветање
– Перете ја облеката ( вклучувајќи ги и јакните ) што почесто
– Бањајте го детето и задолжително измијте му ја косата пред спиење
– Не сушете ја облеката надвор
– Употребете посебен антиалергенски филтер ако користите клима уред
– Концентрацијата на полен е највисока рано попладне. Ограничете го престојот на вашето дете надвор во тој временски период.
– Доколку користите клима уред, одберете ја опцијата за рециркулирање на воздухот
– Не садете цвеќиња во близина на прозорците и не чувајте свежо набрано цвеќе во домот

Likes:
0 0
Views:
24
Article Categories:
ЗДРАВЈЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *