Афти кај возрасните – зошто се создаваат и како да си помогнете

Афтите се мали ранички во усната шуплина, често болни, најчесто лоцирани на непцата, слузницата, јазикот и внатрешниот дел од образите, едно од најчестите заболувања на оралната слузокожа.

Како појава, афите не претставуваат голема опасност, но треба да внимавате, многу често тие се сигнал за внимание дека нешто не е сосема во ред со организмот. Тие не се заразни, односно неможат да се пренесат од еден на друг човек.

Најчесто, афтите се последица на пад на имунитетот, но и на алергиска реакција ( реакција на глутен или конзерванси во храната ) или пак знак дека во организмот постои недостаток на витаминот Ц и витамините од групата Б. Понекогаш нивната појава упатува на можна анемија, недостаток на железо во организмот или проблем со дигестивниот и ендокринолошкиот систем.

Афтите најчесто се со бела, односно жолтеникава боја со црвени рабови. Како топчести промени на кожата тие постепено растат и го прошируваат црвениот круг околу себе што е знак дека постои воспалитен процес. Според клиничката слика, афтите најчесто се манифестираат на површината околу три до пет дена, но постојат случаи кога афтите од поголем обем, кои често изгледаат како херпес наречени херпетиформни афти ( иако вирусот херпес симплекс не ги предизвикува овие афти ) кои се лекуваат и до две недели.

Прв чекор во борбата против афтите е балансирана диета. Храна која може да ја влоши состојбата со афтите е корката од лебот, пржената храна, коските, солените и зачинети грисини, киселата и лутата храна, газираните пијалоци и сл. Превенцијата подразбира избегнување на стресот ( колку е возможно ) и подигнување на имуниетот.

За исклучително ефикасен природен лек против афти се смета чајот подготвен од билна мешавина од невен и жалфија.

Направете чај од овие две билки и плакнете ја усната шуплина неколку пати дневно, но не го голтајте.

Likes:
0 0
Views:
20
Article Categories:
ЗДРАВЈЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *