Бактериска вагиноза – најчеста вагинална инфекција кај жените

Ако сте во топ форма и „пукате“ од здравје се очекува во вагиналната регија да нема некој специфичен мирис.

Доколку редовно одржувате хигиена, секој силен мирис во вагиналната регија кој отстапува од нормалата е знак дека треба да се консултирате со лекар. Но, не секогаш постоењето на одреден мирис значи дека станува збор за некое заболување. Имено и дехидрираноста може да допринесе за појава на специфичен вагинален мирис.

Сепак, најчесто причината за промената на интензитетот на мирисот лежи во постоењето на одредена вагинална инфекција или претераниот внес на витамински додатоци во исхраната.

При тоа многу често пх вредноста на вагината опаѓа поради присуство на одредени лоши бактерии.

Имено, жените најчесто забележуваат промена во вагиналниот мирис дефинирајќи го како мирис на риба. Во тој случај најчесто станува збор за постоење на бактериска вагиноза, која според Светската здравствена организација е од 15 до 45 години. Гениталните габични инфекции се јавуваат кога има зголемена концетрација на габички во вагината. Речиси 80 проценти од  возрасните жени барем еднаш во животот имале некаква вагинална инфекција.

Имено, секоја ситуација во која ќе се акумулира повисоко ниво на топлина и влага во пределот на гениралиите создава плодна околина за развој на бактерии чие присуство може да значи појава на вагинитис и друг вид на инфекции, вклучувајќи ги и уринарните инфекции. Меѓу групата на ризик фактори кои предизвикуваат појава на овој тип на инфекции спаѓаат и дијабетесот, прекумерната телесна тежина, несоодветната долна облека

( синтетички материјали ), честа употреба на сапуни и купки со интензивен мирис и адитиви и сл.

Likes:
0 0
Views:
108
Article Categories:
ЗДРАВЈЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published.