Главоболка кај децата поради синдормот “уморни очи”

При интезивно и долготрајно гледање во екранот на телевизорот, таблетот или мобилниот телефон се случува кај децата да се појави пулсирачка главоболка која често поминува кога детето ќе се одмори и ќе помине време во квалитетен сон.

Доколку оваа ситуација ви е добро позната, тогаш е време со своето дете да посетите очен лекар, голема е веројатноста главоболката кај детето да биде последица на тн.синдорм на уморни очи.

Кога постои синдромот на уморни очи, главоболката се појавува како последица на постојаното напрегање на мускулите на окото кои се обидуваат да го изострат видот.

Главоболката која најчесто е пропратена со притисок околу очите и челната регија во овој случај е само пропратен симптом кој укажува на можна потреба од диоптер.

Со одредување на диоптрија и набавка на соодветни очила главоболката ќе биде минато.

Likes:
0 0
Views:
23
Article Categories:
ЗДРАВЈЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *