Детското здравје- приоритет на секој родител

Детското здравје е приоритет на секој родител.

Здравствената организација Blue Cross издвојува десет совети чија примена има за цел да се одржи детското здравје во континуитет. Овие совети се добредојдени за секое дете, особено за оние што одат на училиште или во градинка.

– Децата треба да стекнат навика за редовно миење на рацете како најефикасен начин на запирањето на можноста за пренос на бактерии

– Додека кашлаат и киваат децата треба да ја стават раката ( приклонување на главата кон лактот ) или хартиено марамче преку устата

– Доколку вашето дете е болно нека помине доволно време дома додека целосно не оздраве

– Посоветувајте ги своите деца да не пијат од исто шише или чаша од кое пијат и други деца

– Потрудете се вашите деца да поминуваат што е можно повеќе време надвор, со чести прошетки во природа каде ќе бидат далеку од застојаниот воздух

– Погрижете се децата да се добро наспиени и одморни. Премногу активност, а премалку сон ќе им наштети на нивното здравје

– Никогаш не дозволувајте децата да го прескокнат појадокот, тој е сепак најважниот оброк во текот на денот

– Предупредете ги децата да не испробуваат туѓи капи, шалови, чешли или облека

– Внимавајте на знаците на стрес кај детето, бидејќи децата многу потешко го поднесуваат стресот отколку возрасните луѓе. Секогаш одвојте време за квалитетен разговор со детето во кој ќе настојувате да дознаете како се чувствува и дали има некој проблем

Она што е потребно во основа е будното око на родителот во континуитет  следи и да цели кон навремено откривање на секои отстапувања од добрата здравстена состојба на детето. Ненавремената детекција на одреден здравствен проблем во комбинација со доцна интервенција или неефикасно интервенирање може да има сериозно негативни последици по детскиот развој, особено во фазата на раст и развој на детскиот оргазнизам.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *