Забрзано дишење кај бебињата

Сосема нормална појава е бебето да дише со побрзо темпо отколку возрасниот човек имајќи го во предвид фактот дека потребите за кислород се значително поголеми на телото кое што сеуште расте и се развива.

Првите неколку дена по раѓањето бројот на вдишувања во минута изнесува во просек околу педесет, а потоа постепено се намалува до триесетина.

Во текот на втората односно третата година од животот во просек едно дете вдишува и издишува дваесет и пет пати во минута.

Здравото новороденче иако дише малку побрзо сепак дише мирно, малку поплитко и ретко рамномерно особено кога се буди, кога цица или плаче. По првата година од животот дишењето полека се нормализира, додека во текот на третата година има правилен и рамномерен ритам.

Likes:
0 0
Views:
121
Article Categories:
ЗДРАВЈЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published.