Како хормоните можат да влијаат врз зголемување на тежината

Не можеме секогаш да ги обвинуваме хормоните за вишокот на килограми, особено ако сме свесни дека внесуваме многу калории, а при тоа физичката активност ни е драстично намалена.

Сепак, вистината е дека и нивото на хормоните во организмот, нивниот баланс, односно дисбаланс, игра голема улога во одржувањето на телесната тежина.

Имено, науката вели дека под дејство на хормоните во телото можат да се задржуваат дополнителни литар до литар и половина течности, особено недела дена пред менструалниот циклус кај жените.

За среќа, тоа зголемување на телесната тежина односно варијацииите во бројките на вагата под дејство на хормоните се привремени.

За да го намалите задржувањето на вода во организмот избегнувајте консумирање на солена храна и земајте дополнителни 500 мг калциум барем во периодот од втората половина на циклусот.

Долгорочно, пореметувањето на процесот на излачување на естроген и прогестерон, особено нивното намалено излачување може да предизвика зголемување на апетиот, особено на желбата за слатка храна, што директно може да влијае врз зголемувањето на телесната тежина кај жените.

Likes:
0 0
Views:
23
Article Categories:
ЗДРАВЈЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *