Можност за бременост во раните четриесетти години

Медицината вели дека плодноста кај жените го достигнува својот оптимален праг во дваесеттите години од животот. Во тој период шансите за бременост се драстично големи.

Во средината на триесеттите години, шансите за забременување во просек изнесуваат околу 60% по циклус, секако во согласност со низа други здравствени фактори и состојби на организмот на жената.

Не би смееле да генерализираме, како и во се друго, и во овој домен постојат исклучителни индивидуални разлики.

Плодноста најчесто почнува полека да опаѓа по триесеттата година додека по триесет и петтата година таа започнува да опаѓа побрзо.

Според одредени медицински истражувања, во четриесеттите години жените се соочуваат со значително намалена можност за забременување, која изнесена во проценти изнесува околу 35-40 %. Но, статистичките податоци забележуваат еден исклучително интересен податок – и покрај намалената процентуална можност за забременување, нередовните овулации кои е можно да започнат во тој период, можат да допринесат за отпуштање на повеќе од една јајце клетка, што ги зголемува шансите за близначка бременост. Овој природен феномен што се случува кај жените во раните четриесетти години од животот е наречен „последен залет„

Најчето овој период започнува во 39 -та година и се бележи со низа бурни хормонални промени кои на необјаснив начин ја зголемуваат плодноста кај жената пред да настапи перименопаузата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *