Премногу шеќери ја успоруваат функцијата на мозокот

 Голем е бројот на медицинските истражувања кои докажале дека внесувањето на преголема количина на шеќери во организмот го успорува процесот на функционирање на мозокот како и помнењето, со што во значителна мера со отежнува процесот на учење кај луѓето, особено децата.

Во групата на шеќери кои најлошо делуваат врз функциите на мозокот се пченкарниот скроб во комбинација со фруктоза како и употреба на сахароза во исхраната.

Проблемот лежи во фактот што скоро во сите индустриски намирници при нивната преработка се додава сируп составен од овие две состојки ( од лебот, соковите до кечапот )

Иако долгорочното и често консумирање на храна богата со шеќери влијае врз учењето и помнењето, олеснитела околност е што овој негативен процес може значително да се неутрализира со додавање на омега 3 масни киселини во храната. Но сепак, без разлика на помошта што мозокот би можел да ја добие од овие масни киселини, останува на нас да го направиме вистинскиот избор на хранливи намирници.

Likes:
0 0
Views:
23
Article Categories:
ЗДРАВЈЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *