Препознајте ја интолеранцијата на лактоза кај децата

Причинителот на оваа појава кај децата најдобро може да се објасни преку сознанието како кај возрасните личности доаѓа до тоа тие да бидат нетолерантни на лактоза.

Примарниот недостаток на лактоза се развива со текот на времето, започнувајќи раното детство. Во тој период телото започнува да го редуцира производството на ензимот лактаза. Лактозната интолеранција што се појавува како метаболичко пореметување претставува неможност за преработка на млечниот шеќер лактоза. Лактозата во организмот на детето се разградува со помош на ензимот лактаза.

Кај поголемиот број од оние деца кои се нетолерантни на лактоза постои недостаток на лактаза, дури и ако симптомите се појавуваат подоцна во периодот на адолесценцијата. Ако во организмот недостасува лактаза, неразградената лактоза доспева во дебелото црево каде создава киселини и гасови-едни од најчестите симпоми на нетолеранција на лактоза.

Научниците идентификувале можна генетска врска помеѓу примарниот недостаток на лактаза.Оваа врска може лесно да се открие со помош на генетски тестирања.

Секундарниот недостаток на лактаза е резултат на оштетување на тенкото црево, пропратени со упорна дијареа. Овој тип на недостаток се јавува во било која возраст, но најчест е во раното детство.

Кај децата што се интолерантни на лактоза, најчесто симптомите се појавуваат најрано половина час по консумација на храна која што во својот состав содржи лактоза. Симптомите и нивниот интензитет варираат во зависност од околностите, а најчесто се во директна врска  со количината на лактоза која е внесена во организмот. Најчесто, интолеранцијата на лактоза се манифестира со појава на непријатно чувство во стомакот, надуеност, болни грчеви, гасови, пролив, црвенило на кожата, намалена концентрација, замор, главоболка и слично.

Likes:
0 0
Views:
19
Article Categories:
ЗДРАВЈЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *