Природата во борба против воспалението на дебелото црево

Колитис или воспаление на дебелото црево е сериозна здравствена состојба која мора да се држи под лекарска контрола, бидејќи во спротивно може да предизвика низа компликации по целокупната задравствена состојба на организмот.

Колитисот може да биде инфективен,исхемиски или улцерозен, односно акутен и хроничен.

Иако симптомите на колитисот варираат, во зависност од причинителот, најчесто се присутни два основни симптоми: долготраен пролив и болки во стомакот, кои можат да го намалат својот интензитет по празнењето на цревата. Овие примарни симтоми често се придружени и со останати симптоми како што се болки во ректумот, крв во изметот, намалување на телесната тежина, чувство на константен замор и слабост на организмот, намален апетит и слично.

Повеќето луѓе имаат благи до умерени симптоми, но во случај на интензивен процес на болеста опасноста по општата здравствена состојба доаѓа од губењето на крв.

Бидејќи основата на заболувањето е воспалителен процес, за лекувањето на колитисот, покрај медицинската терапија, се предлагаат природни лекови, билни чаеви кои се составени од внимателно избрани билни мешавини кои делуваат смирувачки, противвоспалително и го запираат упорниот пролив.

На тој список се наоѓаат билките: брусница, невен, камилица, кантарион, ајдучка трева, коприва, боровница, лист од капина, мајчина душица и анасон.

Според искуствата на заболените луѓе, досега најголемо позитивно делување е забележано кај чајот составен од следнава билна мешавина:

– 10 грама суви плодови од брусница
– една лажица суви цветови од камилица
– една лажица суви цветови од невен
– една лажица мајчина душичка
– прстофат анасон

Од вака подготвената билна мешавина се подготвува напиток, на тој начин што истата се посипува со два литри врела вода и се остава да отстои еден час. Исцедениот чај се пие во помали количини, во текот на целиот ден.

Likes:
0 0
Views:
26
Article Categories:
ЗДРАВЈЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *