Природно лекување на цисти на јајниците

Цистите на јајниците многу почесто се јавуваат кај жените во менопауза, отколку во било кој друг период од животот на жената.

Сепак,тоа не значи дека жените во помладата возраст со сигурност  се заштитени од нивната појава, особено доколку веќе е констатирана одредена хормонална промена или промена на ткивото на јајниците.

Најчест дијагностички метод за откривање на цистите на јајници е гинеколошкиот ултразвучен преглед.

Во поголемиот број случаи станува збор за  цисти кои се исполнети со бистра течност и имаат јасни рабови. Секое забележано отстапување од горенаведениот опис на цистите, со поинакви ултразвучни карактеристики, упатуваат на потреба од дополнителни иследувања, со индикација за поставување на соодветна медикаментозна терапија или во краен случај хируршки третман. Најчесто, до хируршка интервенција доаѓа доколку цистите го попречуваат секојдневното функционирање на жената, предизвикуваат силни болки или доведуваат до константни пореметувања во менструалниот циклус.

За среќа, природата како еден од најефикасните лекови што таа може да го понуди против цисти на јајниците, ја нуди црвената детелина.

Во својот состав црвената детелина содржи супстанции кои имаат многу слично дејство како естрогенот во човековиот организам. На тој начин, со редовна консумација на час од црвена детелина или екстракт од оваа билка се делува кон воспоставување на хормонален баланс и намалување на можноста за појава и раст на цистите на јајниците.

Likes:
0 0
Views:
22
Article Categories:
ЗДРАВЈЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *