При секоја детска настинка не се посегнува по антибиотик

Превентивното давање на антибиотик кај децата при првите знаци на настинка во никој случај не е препорачлива постапка.

АНТИБИОТИКОТ НИКОГАШ НЕ СЕ ДАВА ПРЕВЕНТИВНО!

Причината за тоа е едноставна: превентивното користење на антибиотик не решава никаков здравствен проблем. Детето можеби ќе се извлече од инфекцијата, но кога ќе се најде во колективно здружување тоа повторно ќе ја има бактеријата во себе и тоа за многу кратко време. Истворемено треба да се има во предвид дека не секоја бактерија реагира на секој антибиотик ( за тоа се потребни дополнителни лабораториски анализи ).

Доколку заболувањето е од вирусен карактер антибиотикот е непотребен.

Ако на детето му се даде превентивен антибиотик во случај на постоење на стептококата pneumoniae, односно пнеумокока, тој вид на бактерија по неколку средби со истиот антибиотик станува се поотпорна на неговото дејство. Честото и непотребно давање на антибиотици само го намалува нивното дејство кај децата.

Родители, никогаш не давајте на вашето дете антибиотик по сопствено убедување за неговата потреба. Дозволете потребата од антибиотска терапија да ја одреди лекар.

Likes:
0 0
Views:
18
Article Categories:
ЗДРАВЈЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *