Упорноста е клуч на успехот во борбата против габичните инфекции

Габичните инфекции се почести кај повозрасната популација, но нивната појава не се исклучува и кај останатите возрасти. Најчесто од габични инфекции заболуваат луѓе кои имаат намален имунитет, дијабетичари, спортисти но и оние кои имаат нарушувања на циркулацијата.

Габичните инфекции најчесто ги напаѓаат луѓето кога тие престојуваат во топли и влажни простории, стојат на влажни површини како што на пример заедничките туш кабини, базените, бањите и спортските објекти.

Иако можат да се појават на различни делови од телото, габичните инфекции најчесто се манифестираат на ноктите, стапалата и на кожата, особено на оние места каде таа е набрана и често влажна од пот.

За деловите од кожата кои се зафатени од габична инфекција карактеристично е црвенило и чешање. Често кожата се лупи, јадежот е интензивен а се појавува и непријатен мирис од зафатената регија.

Промените на ноктите кои се последица на габична инфекција најчесто се манифестираат со промена на бојата-тие стануваат жолтеникави, рапавост и здебелување.

При тоа, кожата се лупи, чеша, пече и има непријатен мирис, а ноктите стануваат тврди, рапави и ја менуваат бојата, најчесто стануваат жолти.

Доколку габичната инфекција е локализирана во вагиналната регија, истата се манифестира со појава на поинтензивен вагинален исцедок, пропратен со интензивен непријатен мирис и силен јадеж.

Габичните инфекции се заразни, а нивното лекување најчесто е долготраен процес. Навременото лекување е препорачливо бидејќи се намалува ризикот од појава на секундарни бактериски инфекции.

Доколку сте сигурни дека станува збор за габична инфекција, покрај стандардниот медицински третман може да се обидете да си помогнете и со природни лекови. Пред се, ограничете го внесот на јаглени хидрати и скроб, а зголемете го внесот на хранливи производи кои во својот состав содржат голем процент на добри бактерии.

Во тој контекст, на прво место е јогуртот.

Јогуртот во себе содржи таканаречени добри бактерии кои се исклучително корисни во борбата против габичните инфекции, без разлика дали тие се локализирани на површината на кожата или внатре во телото.

Доколку габичната инфекција е локализирана на надворениот дел од телото ( кожата ) втријте малку јогурт со нежни кружни движења.Постапката повторувајте ја неколку пати во текот на денот, согласно можностите. Ако габичната инфекција е локализирана во внатрешноста на телото ( вагиналната регија ) намокрете еден тампон во јогурт па потоа употребете го. Сепак треба да се внимава на времето на делување. Предолгото делување може да предизвика спротивен ефект. Препорачаното време на држење на тампонот во внатрешноста на вагината е не повеќе од пет минути. Постапката повторете ја барем три пати во текот на денот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.