Хималајска сол е ефикасен лек против мигрена

Една од главните причини зошто треба да ја одберете хималајската сол како дел од исхраната е нејзиниот исклучително богат минерален состав.

Таа содржи дури 85 минерали, меѓу кои најзастапени се цинкот, магнезиумот и железото. Богатството од јод во нејзиниот состав ветува незина полесна апсорбција во телото. Исто така, хималајската сол содржи помали количини на содиум, чија што преголема концентрација во организмот може да допринесе за низа здравствени проблеми, меѓу кои се покачениот крвен притисок, заболувања на бубрезите и кардиоваскуларниот систем.

Во низата корисни примени, вреди да се напомене дека оваа кристална сол е навистина ефикасен лек против мигрена.

Со нејзина помош во огранизмот може да се постигне регулација на многу процеси, пред се на метаболизмот на вода и електролити ( процес што се смета дека е еден од најглавните причини за појава на мигрена )

Потребни ви се две лажички хималајска кристална сол и една шолја сок од свежо исцеден лимон.

Промешајте ги двете состојки и оставете ја солта во целост да се растопи.

Течноста испите ја на неколку наврати, не одеднаш. Најдобри ефекти се постигнуваат доколку се започне со консумацијата на течноста при првите симптоми на мигрена.

Овој природен лек од лимон и хималајска сол не е препорачлив за лица со висок крвен притисок.

Likes:
0 0
Views:
22
Article Categories:
ЗДРАВЈЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *