Во само неколку чекори победете го пеленски осип

Кожата на бебињата е исклучително нежна, особено во пеленската регија.

Црвенилото под пелените е вистинско измачување за секое бебе и истото, доколку не се третира навремено, може да прерасне во пеленски дерматитис.

Педијатрите советуваат, доколку околностите дозволуваат, бебињата да се држат без пелена, но доколку тоа не е возможно пелената не треба да биде силно стегната, односно претесно поставена и истата треба да се менува почесто. Влагата и топлината дополнително ја оштетуваат нежната бебешка кожа.

Во борбата против пеленскиот осип прв чекор е да се исфрлат од употреба на влажните марамчиња. При секоја промена на пелената газето на бебето треба да се измие со чиста и млака вода, а кожата да се исуши тапкајќи нежно со памучна крпа или газа. Откако ќе се осигурате дека кожата е наполно сува, пеленската регија треба да се премачка со заштитна крема која во својот состав содржи голема количина на цинк, пантенол и витамин Е. Добар избор се кремите кои содржат природни екстракти од камилица и невен.

Likes:
0 0
Views:
22
Article Categories:
ЗДРАВЈЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *