Домашни рум штангли за сите љубители на слатките со арома на рум

Освен што ќе уживате во неодоливиот вкус на домашните рум штангли, подготовката на овој десерт ветува прекрасна арома во домот.

За подготовка на овој десерт потребни состојки:

100 гр маргарин

100 гр шеќер во прав

200 гр мелени бисквити

100 гр мелени ореви

20 мл рум

50 мл млеко

За прелив:

125 гр маргарин

200 гр црна чоколада

Подготовка е многу едноставна.

Измиксирајте го маргаринот заедно со шеќерот во прав. Додадете ги мелените бисквити и оревите, а потоа додајте ги млекото и румот.

Оставете ја смесата во ладилник да се стврдне а потоа исечете штанглички со големина по желба.

Прелијте ги со маргаринот и чоколадото растопени на пареа.

Likes:
0 0
Views:
20
Article Categories:
ХРАНА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *