Инхалацијата со лаванда го лекува респираторниот систем

Ако сакате да го имате мирисот на медитеранот во вашиот дом тогаш одгледувајте ја величенствената билка-лавандата.

Ароматична и лековита, лавандата сама по себе, но и во комбинација со други растенија, масла и семиња претставува одличен лек од природата, благодет за целиот организам.

Редовната употреба на лавандата помага при несоница, нервоза  и напнатост, делувајќи благотворно на целиот нервен систем, ги елиминира болката и воспаленијата, ја негува оштетената кожа и го чува респираторниот тракт и имуниот систем.

Во период на бројни акутни инфекции на респираторните патишта, посегнете по лавандата како ефикасен природен лек против астма, бронхитис или ларингитис.

За таа цел направете нежна комбинација од природно масло од лаванда и алое вера гел. Доволни се неколку капки од двете состојки, кои добро помешани можете да ги инхалирате на стариот добар начин. Пет капки масло од лаванда размешајте со сосема малку алое вера гел. Мешавината ставете ја во вода која врие на тивок оган.  Вдишувајте длабоко од лековитата пареа десетина минути.

Изненадувачки брзо ќе почувствувате олеснување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *