Инхалација со мед за чисти гради

Чувствувате притисок во ушите,устата ви е сува додека носот ви е затнат и тешко дишете, но од лековите од аптека добивате само краткотрајно олеснување.

Наместо да продолжите да трошите пари на скапи средства што би ви помогнале краткотрајно, одлучете се да го направите овој домашен природен лек кој брзо ќе ви помогне да се чувствувате подобро.

На стариот добар начин, со пешкир над главата изведете инхалација со боров мед и билки.

За таа цел потребно е во еден литар вода да промешате сто грама боров мед, една чајна лажичка мајчина душичка, половина лажичка жалфија и прстофат суво нане.

Садот со водата, медот и билките ставете го на тивок оган, загрејте додека не се создаде пареа и почете да вдишувате.

При изведувањето на инхалацијата вдишувајте преку уста, а издишувате преку нос. Откако ќе почувствувате олеснување во носната шуплина започнете обратен процес, вдишувајте преку нос, а издишувајте преку уста.

Likes:
0 0
Views:
124
Article Categories:
ЗДРАВЈЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published.