Како да го подготвите највкусниот крем за вашата омилена торта

Во само неколку чекори подгответе ја кремастата структура на вашата омилена торта.

За подготовка на овој превкусен крем за торта потребни ви се следниве производи:

  • 4 жолчки
  • 70 мл млеко
  • 4 лажици шеќер
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 30 грама путер

Во подлабок сад изматете ги жолчките со шеќерот и ванилиниот шеќер.

Во друг сад на оган ставете го млекото да се топли. Потоа постепено почнете да ги додавате изматените жолчки со континуирано мешање. Откако смесата ќе стане кремава и добро ќе се згусне тргнете го садот од оган. Во млакиот крем ставете го путерот и миксирајте се додека смесата убаво не се соедини.

Likes:
0 0
Views:
23
Article Categories:
ХРАНА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *