Колострумот е првата природна вакцина за секое бебе

Телото на идната мајка, уште во текот на бременоста, пред чинот на породувањето,  започнува да го создава првото млеко, уште повеќе познато како „жолто злато„ .

Имено, некои идни мајки лесно можат да воочат жолти масни капки на брадавиците или на самиот градник уште при самото породување, додека пак останатите најчесто се сретнуваат со колострумот во првото деноноќие по породувањето. Оваа скапоцена течност, најчесто во количина до дваесетина милилитри по излачување, која често е масна и високо концентрирана,  може да има боја која варира и тоа од проѕирна до темно жолта.

Богато со витамини и минерали, масти и јаглени хидрати, овој природен дар за секое бебе истовремено е богат и со протеини, аминокиселини и имоноглобулини важни за развојот на имунолошкиот систем на бебето и конгитивниот развој општо.

Без разлика на фактот што го има во мала количина, колострумот освен храна е и најквалитетниот извор на антитела и имоноглобулин за новороденчето.

Затоа и со право колострумот уште и се нарекува прва природна вакцина која ја добива секое бебе.

Likes:
0 0
Views:
27
Article Categories:
ЗДРАВЈЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *