Лутината е токсична , одберете среќна мисла

Негативните емоции го уништуваат нашето здравје-велат научниците.

Од среќа до тага, од радост до депресија, човекот е способен да доживее различни видови емоции. Секоја емоција на телото делува на свој начин предизвикувајќи низа хемиски реакции. На пример, поголемо ниво на серотонин и допамин во нашето тело значи поголема насмевка на нашето лице. Ако пак во телото се ослободува повисоко ниво на кортизол, познат како хормон на стрес, ќе се чувствуваме сосема поинаку, тажно, напнато и нервозно.

Интересен е податокот од едно јапонско истражување дека кога изговараме со забрзано темпо зборови кои се одраз на лутина,омраза и љубомора во нашиот здив се содржат одреден вид на молекули кои според дел од својот состав можат да се наречат токсични. Според јапонските научници, тие молекули акомулирани во период од еден час се доволни да усмртат повеќе од десетина глувци.

Читајќи го ова можеби ќе си помислите: што ќе ни се стапици за глувци кога би можеле да ги уништиме зборувајќи, но сериозно, помислете колкава штета му нанесувате на вашето тело кога размислувате негативно и дозволувате тие негативни емоции со молскавичен удар да прострујат низ оргазнизмот?

Наместо анализирајќи ги искуствата што ги добивате низ животот истите да ги дефинирате како позитивни или негативни, согледајте ја поголемата слика. Сите ние ја имаме моќта која ние е потребна успешно да се справиме со сето она што ќе ни го донесе иднината. Обидете се да ја смените перцепцијата на нештата прашувајќи се како секое ново искуство може да ви помогне да научите нешто ново и корисно?

Исчистете ги своите емоции, не реагирајте бурно, смирете се и набљудувајте. Ќе сфатите дела имате доволно внатрешна сила да ги процесирате тие емоции и гледајќи ја поголемата слика да сфатите што всушност се случило за да се појават тие емоции.

Негативните мисли и емоции носат многу болести, болки и непријатности за кои луѓето често мислат дека не се во нивна контрола. Но всушност тие се во голема заблуда. Сите ние, секогаш може да имаме контрола над се што се случува во телото.

Одберете ја среќната мисла.

Likes:
0 0
Views:
31
Article Categories:
ЗДРАВЈЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *