Максималното ниво на хигиена не го зајакнува детскиот имунитет и не штити од алергии

Еден од се почестите проблеми со кои се соочуваат децата денес се алергиите. Алергиите денес се заболувања од епидемиски размери. Се повеќе деца се соочуваат со различни облици на алергени реакции, астма, егзема или пак интолеранција на одреден вид храна.

Современиот начин на живот се чини дека се повеќе го оптеретува човекот со чистотата што дури и не доаѓаме повеќе во контакт со оние нешта кои се клучни за доброто и непречено функционирање на нашиот имунолошки систем.

Според алерголозите токму животот под стаклено ѕвоно дополнително допринесува за намалување на имуниетот, а со тоа и за појава на алергени и друг вид заболувања.

Денес децата се поретко слободно си играат во природа, односно имаат се помалку шанси да бидат во допир со добрите бактерии. Животот во стерилни услови, каде што хигиената е на максимално ниво, го оневозможува контактот со микроорганизмите кои детскиот организам треба да ги препознае и да создаде специфични антитела и при тоа да создаде соодветен имунолошки одговор на истите во иднина.

Likes:
0 0
Views:
152
Article Categories:
ЗДРАВЈЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published.