Подгответе домашна пилешка паштета без ниту еден адитив

Ако вие и членовите на вашето семејство сте љубители на ваков вид намаз, тогаш наместо да посегнете по индустриски преработените паштети во маркетите, подгответе сами превкусна пилешка паштета во домашни улови, подгответе вистинска, здрава пилешка паштета без ниту еден адитив или конзерванс.

За подготовка на пилешката паштета ќе ви бидат потребни следниве состојки:

– 200 гр. пилешко месо

– 100 гр кисела павлака

– 1 морков

– 1 јајце

– 1 чешне лук

– малку сол

Подготовката е брза и многу едноставна.

Месото и морковот ставете ги во сад на оган да се варат. Сварете го и јајцето, но во посебен сад.

Сварените и оладени продукти изблендирајте ги добро.  Миксајте се додека сварените состојки и лукот не се раситнат во целост. На крајот додадете ја павлаката, посолете и продолжете да блендирате уште кратко.

На здравје!

Likes:
0 0
Views:
21
Article Categories:
ХРАНА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *