Половина час трчање-што се случува во вашето тело

Удобни патики и силна волја. Бесплатна вежба за целото тело-трчање.

Иако на телото ќе му биде потребно одредено време да се навикне на трчањето, особено ако не сте во добра кондиција, брзо ќе приметите дека секој ден ќе ви биде се полесно додека се полните со енергија.

Научниците велат, трчањето потикнува толку многу позитивни активности во мозокот што луѓето после одреден период може да станат зависни од оваа физичка активност.

Но, дали сте се запрашале што се случува во вашето тело додека трчате?

Во првите неколку секунди мускулите почнуваат да го користат главниот извор на енергија од клетките-аденозин трифосфат. За да излачат што е можно повеќе од овој извор на енергија клетките почнуваат да го разградуваат гликогенот, тоа е вид на глукоза, составен дел на мускулите. Клетките ќе ја користат глукозата која се наоѓа во крвотокот, што го прави трчањето одлична вежба која придонесува за намалување на високите вредности на шеќер во крвта.

Веќе во првите неколку минути од трчањето телото ја користи глукозата, а мускулите започнуваат со ослободување на млечна киселина која му праќа сигнал на мозокот дека телото е под физички напор, физички стрес.

Во наредниот период срцето почнува се побрзо да пумпа крв. Крвта се насочува кон мускулите, а помалку кон оние делови од телото на кои во моментот не е потребна, како на пример дигестигниот систем.

Телото се снабдува со поголема количина на кислород која е резултат на заврзаното дишење.

Со трчањето се активира и најголемиот мускул во телото – gluteus maksimus. Се активираат и мусклите на нозете и стомакот, па така трошите калории и ги елиминирате мастите.

После петнаесеттата минута од трчањето трошењето на гликоген и зголеменииот внес на кислород го подигнува нивото на телесната температура. За да олади, телото започнува да ја насочува крвта кон кожата. Поради тоа често на образите се појавува црвенило, а телото започнува да поти со цел да се олади.

Доколку не сте во добра форма, со ниско ниво на телесна кондиција секоја минута понатаму ќе ви се чини се потешка. Тоа се случува поради недостиг на аденозин трифосфат. Недоволната количина доведува до тоа мускулите да не работат доволно добро. Мускулите не добиваат кислород доволно брзо, додека млечната киселина се повеќе се ослободува. Ненавремената размена на материи ќе ве принуди да го намалите темпото на трчање.

Пред конечно да престанете со трчање најдобро е да преминете на темпо на брзо одење.Дишењето постепено ќе се нормализира, а вие ќе се чувствувате полни со енергија бидејќи вашиот мозок ослободува големо ниво на хормонот допамин.

Likes:
0 0
Views:
28
Article Categories:
ЗДРАВЈЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *