Рецепт: Брза пита со шунка

Брза и едноставна подготовка,  вкус кој се памети.

Одличен избор за појадок или вечера, за сите презафатени мајки и млади домаќинки.

Потребни состојки:

3 јајца

100 мл масло за јадење

две чаши брашно

една чаша јогурт

1 пециво

100 грама сирење

200 грама рендана шунка

малку сол

Начин на подготовка:

 Во подлабок сад изрендајте ги сирењето  и шунката. Останатите состојки промашајте ги со лажица во друг сад. Во хомогената смеса додадете ги сирешењето и шунката и повторно мешајте се додека смесата не се изедначи.

Смесата истурете ја во плех обложен со пекарска хартија и печете на температура од 180 степени додека брзата пита не зарумени.

Likes:
0 0
Views:
26
Article Categories:
ХРАНА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *