Телесната температура е индикатор за проблем со тироидната жлезда

Постои многу едноставен начин да ја проверите функционалноста на тироидната жлезда во домашни услови, со помош на т.н. Барнесов тест.

 Доктор Брод Барнес уште пред повеќе од педесетина години открил дека температурата на нашето тело е добар индикатор за тоа на кој начин функционира тироидната жлезда.

Барнесовиот тест подразбира наутро, веднаш по будењето да ја измерите вашата телесна температура ставајќи го топломерот под пазува. Оставете го таму десетина минути.

По десетина минути прочитајте го резултатот и запишете. Внимавајте топломерот да биде во ваша близина за да не мора да станете од кревет пред да ја измерите температурата.

Резултатот на раната утринска базална температура е нормален доколку вредностите варираат од 36,5 до 36,8 степени, односно во тој случај не постои никакво пореметување во функционирањето на тироидната жлезда.

Ако базалната температура е пониска од 36,5 степени, тогаш постои голема можност да се работи за намалена функција на тироидната жлезда – хипотиреоза.

Доколку базалната температура е повизока од 36,8 степени голема е веројатноста да станува збор за хипертиреоза- зголемена функција на тироидната жлезда.

За добивање на точни резултати потребно е тестот да се повтори три пати, односно три утра по ред.

Сепак внимавајте! Не секое зголемување на базалната температура значи и пореметена функција на тироидната жлезда. Таа може да се зголеми и при постоење на одредено инфективно заболување, односно кај жените често се забележува зголемување на базалната температура за време на  овулацијата и во текот на менструалното крварење. Поради тоа, секогаш правете го тестот кога сте целосно здрави, односно во период кога отсуствува менструалното крварење.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *