Забрзајте го вашиот метаболизам додека се туширате

Опционално – како да ги намалите масните наслаги додека се туширате.

Со помош на оваа техника, утринското туширање ќе ви биде омилен дел од секојдневната рутина.

Освен што ќе бидете целосно освежени и расонети, полни со енергија за новите предизвици што ги носи денот, со помош на оваа метода ќе го намалите стресот, ќе го зајакнете имуниетот и ќе му помогнете на вашиот организам полесно да ги разгради маснотиите.

Откако ќе се истуширате на вообичаениот начин, пред да излезете од кадата или туш кабината следете ги овие три чекори:

– Наместете го тушот на што поладна вода ( колку што можете да издржите). Дозволете ладната вода да тече врз вашето тело триесетина секунди.

– Потоа наместете го тушот на што потопла вода, согласно вашите можности и полевајте се триесетина секунди. Топлата вода која ќе протече по вашата кожа непосредно по ладната ќе придонесе да се прошират капиларите и да се подобри циркулацијата и да го забрза метаболизмот.

– Последниот чекор подразбира повторно уживање во ладна вода ( колку што можете да издржите поладна ) во период од триесетина секунди.

Доколку имате можност и време, секогаш кога ќе се туширајте дозволете си ги овие магични деведесет секунди и чувствувајте се неверојатно.

Likes:
0 0
Views:
28
Article Categories:
УБАВИНА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *