Како да замесите тесто меко како памук

Следете го рецептот и направете меко пециво кое можете да го обликувате и филувате по желба.

За подготовката потребни ви се следниве состојки

600 грама брашно
100 грама маргарин
1 кесичка сув квасец
1 кафена лажичка шеќер
1 кафена лажичка сол
100 милилитри пресно млеко
половина шолја јогурт
1 цело јајце

Начин на подготовка:

Во подлабок сад, во кој ќе го замесите тестото, прво ставете поголем дел од брашното и целата кесичка квасец. Додајте ги солта и шеќерот. Откако ќе ги употребите сувите состојки во брашното додадете го омекнатиот маргарин, кој претходно сте го чувале на собна температура за да омекне.

Потоа додајте го млекото и замешајте се додека смесата не се соедини.
Во таа смеса додајте го јогуртот, јајцето и при постојано мешање додајте го остатокот од брашното. Доколку има потреба додајте млака вода при месењето. Тестото треба да биде меко и глатко.

Месете се додека тестото не почне лесно да се двои од прстите.

Оставете го тестото да стаса, во сад прекриен со памучна крпа.

Нараснатото тесто уште еднаш добро измесете го, а потоа обликувајте го според желба.

Likes:
0 0
Views:
23
Article Categories:
ХРАНА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *