Кремот од јајца како прва помош против стриите

Во првата фаза од појавувањето на стриите на кожата тие се црвени или виолетово сини. Во оваа фаза на прекумерно истегнување на кожата таа пука и како дел од лузната се покажуваат крвните садови. Во оваа фаза, пред стриите во процесот на стареење да ја променат својата боја станувајќи бели се уште успешно може да се реагира во насока на нивно заздравување.

Кога стриите со текот на времето ќе станат бели обичните креми нема да можат да ви помогнат.

Но сепак има спас. Ласерските третмани можат да допринесат кожата да има поизедначен изглед и текстура. ( сигурно при допир на кожата во пределот на стриите сте забележале нерамнини, благи испакнувања и вдлабнувања на кожата ). Во првата фаза се уште можат да ви помогнат одредени креми со чија помош може да се врати колагенот во кожата, особено креми богати со минерали и протеини.

За таа цел ви ја препорачуваме домашната крема од јајца.

Јајцата се одличен извор на протеини. Јајцата се препорачуваат за сјај на косата, но и за отстранување на стриите кога се во почетна фаза на формирање.

Им се препорачуваат на жени во прва бременост и лица кои нагло ја зглемиле односно намалиле телесната тежина, бидејќи јајцата исто така ги спречуваат евентуалните идни лузни.

Подготовката на оваа протеинска крема е многу едноставна.
Добро изматете една жолчка од јајце со постепено додавање на растително масло по ваш избор. Пенестата смеса нанесете на кожата и почекајте половина час. Потоа темелно исплакнете ја кожата со млака вода. Внимавајте, претоплата вода дополнително може да ги прошири капиларите.

Likes:
0 0
Views:
20
Article Categories:
УБАВИНА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *