Меки и сочни банички од готови кори полнети со сирење и спанаќ

Овие превкусни банички со сирење и спанаќ,  подготвени со готови кори се пријатно изненадување дури и за најголемите гурмани.

За нивната подготовка потребни ви се следниве состојки:

-500 гр.готови кори

-500 мл јогурт

-3 јајца

-100 мл масло за јадење

-500 гр.сирење

–  400 гр. обарен спанаќ

Начинот на подготовка е многу едноставен:

Изматете го сирењето со две јајца. Додајте го обарениот спанаќ. Помешајте.

Во друг сад направете фил со кој ќе ги премачкувате корите на тој начин што ќе ги промешате јогуртот, јајцето и  маслото.

Корите исечете ги со нож на средина. Ќе добиете помали кори.

Земајте по една кора и по цела површина премачкајте ја со филот.

Потоа преклопете еден дел , ставете од сирењето и спанаќот,  па преку него превртете друг дел правејќи триаголник.

Постапката повторувајте ја се додека имате кори. Печете во подмачан плех на темепратура од 180 степени додека баничките не заруменат. Испечените банички попрскајте ги со вода и покријте ги со сува памучна крпа.

На здравје.

Likes:
0 0
Views:
21
Article Categories:
ХРАНА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *