Здрав овошен десерт од чиј вкус веруваме дека ќе бидете воодушевени.
Потребни состојки:
4 супени лажици стопен путер
2 јајца
една шолја сенаменско брашно
пола шолја брашно од хељда
200 мл млеко
4 лажици кафен шеќер
една кафена лажичка прашок за пециво
прстофат сол
прелив: пола шолја јогурт промешан со сок од еден портокал, лажица мед и парчиња портокал
Начин на подготовка:
Во поголем сад промешајте го брашното, шеќерот, солта и прашокот за пециво.
Во помал сад разматете ги јајцата и млекото. Додадете го и растопениот путер. Потоа спојте ги со сувите состојки преку постојано мешање.
Пржете ги палачинките на вообичаениот начин.
Готовите палачинки прелијте ги со сирупот од портокал.