Селска тава – одличен избор за вашиот семеен ручек

Вистинско богатство од вкусови во само една чинија.

За да го подготвите овој вкусен оброк потребни ви се следниве производи:

– половина килограм свинско месо
– 300 грама чадена сланина
– 2 големи главици кромид
– 3 поголеми моркови
– 2 поголеми компири
– 4 суви црвени пиперки
– 3 чешниња лук
– 1 страк праз
– 400 грама печурки
– неутрална павлака
– 100 милилитри бело вино
– сол и црн пипер
– масло за јадење

Начин на подготовка:

Пред се започнете со подготовка на сосот од печурки со кој ќе ја прелиете тавата. Во тава на оган, на малку масло за јадење пропржете ги кромидот и печурките. Кога состојките ќе омекнат, односно ќе заруменат посолете и додадете ја неутралната павлака. Добро промешајте. Вака подготвениот сос трнете го настрана.

Во друг сад на оган налејте масло за јадење па додадете го другиот кромид и лукот кои претходно ситно сте ги исецкале. Додајте го и месото и сланината, исто така претходно исецкани на коцки. Пржете на умерена температура. На крај додадете го и исецканиот зеленчук. Додадете сол и црн пипер.Во тавата налејте го виното и уште толку вода колку што е потребно да се прекријат сите состојки. Печете на тепмература од 180 степени околу еден час.

По еден час извадете ја тавата од рерната и прелијте со сосот од печурки.

Вратете ја тавата во рерна и печете уште 15 минути на истата температура.

На здравје.

Likes:
0 0
Views:
27
Article Categories:
ХРАНА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *