Здрав оброк, исклучетелно богат со хранливи материи. Одличен избор за оброк во ладните зимски денови.
Супата е погоден избор и за најмалите.
За нејзина подготовка потребни ви се следниве состојки:
– 2 моркови
– неколку цвета од брокула
– две чешниња лук
– пет супени лажица просо
Начин на подготовка:
Морковите излупете ги и исецкајте ги на кругови. Заедно со лукот ставете ги во сад на оган и варете 15 минути. Потоа додадете ги и цветовите од брокула и продолжете со варењето се додека зеленчукот убаво не омекне.
За тоа време, во друг сад сварете го просото. Откако ќе се свари просото процедете го и префрлете го во зеленчуковата супа.
Зачинете по желба.
На здравје!