Сурутката го забрзува намалувањето на килограмите

Водата што се собира на површината од киселото млеко е всушност сурутка. Тоа е најдоброто од млекото, она што останува при неговата преработка.

Но, оваа течност, освен вода, во својот состав има исклучително богатство од хранливи материи. Дури 90% протеини и минерали, а многу мал процент казеин.

Протеинскиот состав на сурутката истовремено овозможува високо количество на есенцијални аминокиселини кои брзо се апсорбираат, а му се неопходни на човековото тело.

Покрај протини, сурутката изобилува со витамини (B2, B6, B12, C, K) и ензими. Исто така, во нејзиниот состав може да се забележи цело богатство од минерали како што се калциумот, фосфорот, калиумот и магнезиумот.

Придобивките од редовното консумирање на сурутката се значајни за нашето здравје, пред се во насока на спречување на процесот на деминерализирање на коските. Токму минералите го одржуваат оптималното ниво на тонусот на клетките, со што се минимизира ризикот од појава на висок крвен притисок и болести на кардиоваскуларниот систем, се регулира нивото на холестерол во крвта, се зајакнува имуниетот и слично.

Нутриционистите често ја препорачуваат сурутката на сите оние луѓе кои сакаат да ја намалат телесната тежина. Во комбинација со соодветен нискокалоричен режим на исхрана и умерена физичка активност, сурутката помага во намалување на масното ткиво и зголемување на мускулната маса.

Редовната консумација на оваа скапоцена течност придонесува за регулација на нивото на хормоните и дава исклучително чувство на ситост, што ќе ви помогне да внесувате помалку храна по оброк.

Likes:
0 0
Views:
24
Article Categories:
УБАВИНА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *