Да било вредно сигурно би траело

Да било вредно сигурно би траело – луѓето влегуваат изненадувачки во вашиот живот , но исто така изненадувачки излегуваат од него.

Поради некои од нив кои заминеале од вашиот живот можеби и ќе ви биде навистина жал, бидејќи сте мислеле дека никогаш нема да се појави оној ден кога нема да се дружите повеќе.

Сепак, не е крај на светот. Тие луѓе не се повеќе дел од вашиот живот и на тоа треба да гледате како на нешто позитивно. Да вредело, би траело. Не било вредно, завршило. Како што ќе стареете се помалку луѓе ќе пуштате во својот живот. Ќе ви биде важен квалитетот не квантитетот. Сепак, како ќе стареете се помалку ќе бидете подготвени да толерирате до бесконечност одредени нешта кои доаѓаат од другите личности во вашата близина.

Кога сте млади често имате желба да бидете пријател со сите. Можеби често се грижите околу тоа што другите мислат за вас. Можеби и сте правеле одредени работи само за да им се допаднете на другите, нешта што сега не би ги направиле никогаш поради волјата на другите. Но, самиот тој начин на размислување во младоста често води до создавање на лоши пријателства. Тоа не сте го разбирале тогаш, а сигурно имало низа знаци на предупредување дека одредени пријателства не се вредни за труд.

Како станувате позрела личност се помалку сте подготвени за тој начин на функционирање кога се пријателствата во прашање. Немате повеќе сила ниту волја да трпите одредени карактерни особини, ниту пак имате време за несериозни дејства. Но, тоа ( нека ) не значи дека никогаш повеќе нема да се видите со луѓето со кои сте мислеле дека нема да помине ден да не се во ваша близина. Дозволете тие да се одалечат онолку колку што мислите вие дека вам ви е доволно блиску нивното присуство. Подобро е да се одлучите да поминете квалитетно време со самите себе отколку неквалитетно со група тн. пријатели.

Likes:
0 0
Views:
24
Article Categories:
ЖИВОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *