Депилација во бременоста

Топол или ладен восок, сигурно се прашувате кој начин на депилирање е најдобар избор за трудниците?

Отстранување на несакание влакненца во бременоста е оправдано и безбедно, а трудницата сама може да го одбере начинот на кој ќе го направи тоа.

Наједноставно, најбезболно, брзо и ефино е бричењето, барем кога се во прашање влакненцата на нозете. Секако, ова е и најбрзиот начин повторно да се соочите со влакненцата.

Депилацијата без разлика дали се изведува со шеќерна паста топол или ладен восок сосема е прифатлива. Сепак, препораката е да се избегнува топлиот восок поради ризикот за пукање на капиларите.

Хемиските депилатори и кремите за депилирање содржат супстанции кои можат да предизвикаат иритација на кожата. Кај трудниците овој ризик е уште поголем поради чувствителноста на кожата која е зголемена под влијание на хормоните и васкуларните промени.

Епилацијата, односно ласерското отстранување на влакната не се препорачува за трудниците, за тоа треба да се размислува откако бебенцето ќе дојде на свет.

Likes:
0 0
Views:
29
Article Categories:
УБАВИНА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *