До густи трепки со помош на рицинусово масло

Науката вели дека бојата, должината и густината на трепките, во основа, зависат од генетските предиспозиции. Но сепак, природата се потрудила да обезбеди неколку трикови со чија помош, на сосема природен начин, можете да го забрзате растот на трепките и да ја зајакнете нивната густина.

Доколку вашата цел е поинтензивен раст на трепките, тогаш на вашето секојдневно мени потребно е да се најдат хранливи намирници богати со биотин. Биотинот е составен дел од жолчките, пивскиот квасец, оревите, бадемите како и зрната од житарките.

Ако и вие сте една од оние жени кои копнеат по густи трепки, не се двоумете да го примените овој практичен совет, потпирајќи се на моќта на природните масла.

Направете смеса од три лажици рицинусово масло и рендана лушпа од половина лимон. Добро измешајте и оставете да отстои дваесет и четири часа. Потоа, процедете низ ситно сито ( цедалка за чај може да добро да ви се најде за оваа намена ). Со течноста премачкувајте го работ на трепките по должината на капакот секоја вечер пред да си легнете.

Бидете упорни, резултатите можете да ги очекувате после триесетина дена.

Веруваме дека ќе бидете позитивно изненадени од стимулацијата на  растот и волуменот на трепките што ќе го постигнете редовно практикувајќи го овој совет.

Likes:
0 0
Views:
23
Article Categories:
УБАВИНА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *